Вчера во 21.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат Беловиште-Вратница, во тетовска Вратница, четирицикл без регистарски ознаки,
управуван од Н.С.(58) од Вратница, излетал од патот.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопштија од МВР.

Увид на местото исвршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.