Ноќва во 00.20 часот во тетовско Слатино, полициски службеници од Полициското одделение Теарце ги лишиле од слобода Н.Ф.(59), К.Ф.(32), Г.Ќ.(37), А.Ф.(55) сите од тетовско Нераште и А.С.(47) од Германија, со живеалиште во с.Зајас, кичевско, затоа што во 00.10 часот во с.Слатино пред нивниот двор физички ги нападнале Н.Л. и С.Л. и нивната снаа Х.Л.(35), која според пријавеното била бремена, по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажуавње лекарска помош.

Како што соопштува СВР Тетово, тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен
поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.