Два случаја на семејно насилство се пријавени вчера во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 12.10 часот во ОВР Кавадарци, 61-годишна кавадарчанка пријавила дека во нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот син В.Ј. Се работи на расчистување на случајот, појаснија од СВР Велес.

Како што соопштија од СВР Велес, нешто подоцна, околу 16.35 часот, В.Д (47) од Кавадарци во семејниот дом ја нападнал со остар предмет неговата сопруга, нанесувајќи ѝ повреда, по што и самиот се повредил. Лицата биле пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршил јавен обвинител од Кавадарци со увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Вечерта во 21.45 часот на улицата „Страшо Пинџур“, патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.С.Р.(18) од Градско, излетало од коловозот и удрило во бандера. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Р.С.Р., констатирани во ЈЗУ Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.