Вчера во 08:35 часот било пријавено дека на крстосница од регионален пат Велес – Скопје, со локален пат од село Марино кон село Идризово се случила сообраќајна несреќа во која учествувало патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(78) од Скопје и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле полициска службеничка која била сопатничка во возилото „шкода јети“ и возачот на „рено“, В.К., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош.

Увид извршила екипа СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.