Вчеравечер во 22.00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив со повреда бил донесен А.Р.(28) од с.Кондово. Според пријавеното тој со повредата се здобил од залутано зрно во неговиот двор во с.Кондово.

Во 21.30 часот, пак, Е.Б.(50) од с.Љубин пријавил дека пред неговиот дом во с.Љубин од залутано зрно била оштетена шофершајбната од возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син.

Полициски службеници излегле на двете места и преземаат мерки за расчистување на случаите.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.