Две лица се тешко повредени во несреќата што се случила вчера попладне на автопатот Скопје-Велес.
Како што соопшти МВР, околу 14.15 часот во СВР Скопоје било пријавено дека на автопат Скопје – Велес , кај надвозникот што води кон с. Бадар, А.М.(37) од Велес, управувајќи патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката О.Х.А.(39) од Велес, констатирани во компекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.