Во изминатите два и пол месеци од оваа година Секторот за внатрешни работи Тетово ги интензивираше континуираните активности за справување со „неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, но и со „овозможување употреба на наркотични дроги“, информираат оттаму.

Во овој период во педесетина случаи евидентирани на тетовските простори регистрирани се вкупно 80 лица кои биле лишени од слобода и на кои по расчистување и документирање на случаите изготвени им се соодветни поднесоци, а 15 лица на гостиварските простори.

Кај најголемиот број од нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин, а во само неколку случаи хероин и амфетамин. Претежно станува збор за млади лица на возраст од 15 до 45 години, кои лично користеле вакви опијати, но се среќаваат и поединци кои им ги продавале на други, велат од СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе презема контролни и други активности во чие средиште ќе бидат лицата кои поседуваат, користат или продаваат наркотични средства и адекватно ќе ги санкционира со изготвување на законски предвидените поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.