Македонската асоцијација на новинари (МАН), без да навлегува во детали за шокот од веста за Фуркан Салиу, член на Здружението на новинари (ЗНМ) поддржани од ССНМ, ја изразува својата длабока загриженост за состојбите во новинарството кои се последица на непрофесионалното делување на ЗНМ и ССНМ, изразени со последниот случај токму со Фуркан Салиу.

-Користољубие и лицемерие за потребите на ЗНМ и ССНМ е да се тврди дека Фуркан Салиу е новинар кој бил лишен од слобода. Токму ЗНМ и ССНМ се главните противници на регистрација на онлајн медиумите и професионалните независни новинари кои работат во дигиталните медиуми, каде што работи и колегата Фуркан Салиу.

-МАН ја поздравува транспарентноста на МВР во најкус можен рок да ги објави сите информации за лишувањето од слобода на лицето Фуркан Салиу, кој ќе беше подведен во категоријата новинар (лице со службена одговорност, согласно одредбите од КЗ) за кои толку силно се противат и ЗНМ и ССНМ.

-Без да навлегуваме во детали дали Фуркан Салиу пиштолот го поседувал со дозвола или без дозвола (за што очекуваме информации од надлежните органи), од повеќе аспекти загрижува фактот дека лицето/новинар имал огнено оружје.

Новинар е општествено одговорна работа и единственото оружје на новинарите и медиумските работници е слободата на говорот, и независното и професионално новинарство.

ЗНМ и ССНМ имаат долга историја на негување непрофесионалност во вкупното делување, па оттука, ја искажуваме нашата длабока загриженост за нивното членство и нивното делување.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) секогаш се грижела за правата и слободите на новинарите и сите медиумски работници, додека ЗНМ и ССНМ, секогаш делуваат од користољубие со лицемерие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.