На 19 март во 14 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Стримница и Челопек, патничко моторно возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки управувано од малолетник од Челопек излетало од коловоз.
Во несреќата, сопатникот во возилото, исто така, малолетник од Стримница се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, а за укажување лекарска помош во болницата бил пренесен и возачот.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.