Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола, денеска повикале на разговор четворица малолетници, сите од битолското село Долно Оризари, во присуство на нивните родители.
Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба” на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев”, во село Долно Оризари.
Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Министерството за внатрешни работи.
Во текот на денов, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во населба Баир во Битола го пронашле патничкото моторно возило марка „југо” со битолски регистарски ознаки, кое од Ј.Ј.(82) од Битола било пријавено за украдено. Возилото е вратено на сопственикот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.