Синоќа околу 20 часот и 30 минути полицијата привела малолетник од гостиварско село.

Како што информира МВР, тој претходно бил пријавен дека со остар предмет го нападнал и повредил неговиот 46-годишен татко, кој пред тоа се расправал со неговата 40-годишна сопруга, мајка на малолетникот.

Се расчистува и документира случајот, соопшти полицијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.