Еден полицаец е повреден, а шест лица приведени во групната тепачка што се случи синоќа во центарот на Куманово.
Како што соопштува МВР, во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Б.(30), Р.И.(41), Д.М.(23), Ф.А.(30), И.Б.(38) и Џ.С.(40), сите од Куманово, затоа што по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
Во пресметката се вклучила и една малолетничка која употребила остар предмет со кој повредила полициски службеник при обид да интервенира, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во полициска станиca и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.