Шест лица од Куманово биле приведени по групна тепачка во центарот на градот, при што малолетничка избодела полициски службеник.

– На 29.07.2024 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Б.(30), Р.И.(41), Д.М.(23), Ф.А.(30), И.Б.(38) и Џ.С.(40), сите од Куманово, затоа што по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во пресметката се вклучила и една малолетничката која употребила остар предмет со кој повредила полициски службеник при обид да интервенира.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.