Вчеравечер во Полициската станица Драчево, А.Г.(34) од Скопје пријавил неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. Инцидентот се случил на ул.„Иван Хаџиниколов“.
Тоа не е единствениот случај вчера поврзан со напади од кучиња скитници.
Ноќта околу 1 часот во Полициската станица Центар, В.С.(33) од Битола пријавил дека бил каснат од куче скитник на кеј „13 Ноември“, а во 11.45 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Т.(57) од Скопје пријавила дека била касната од куче скитник на бул.„Видое Смилески-Бато“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.