Медиумите во Шведска известуваат за трагедија која се случила на осми јануари во апартман во областа Розенлунд. Како што пренесуваат, татко се обидел да го убие 10-годишниот син во семејниот апартман, а потоа повикал полиција, пишува „Фокус“.

Човекот бил сам во домот со своето дете и го чувал, кога го извршил делото. Потоа, според пишувањата на бројните шведски медиуми, во полиција тој кажал дека подолг период му доаѓале мисли да го убие синот.

Веста за настанот е објавена и во полицискиот билтен на Шведска.

Полицијата е повикана во областа Розенлунд во 10.55 часот со информација за многу тешко повредено лице во стан. Кога полициските патроли пристигнале во станот, затекнале малолетно момче со повреди опасни по живот и возрасен маж.

Момчето со хеликоптер на брза помош било пренесено во болница додека му биле извршувани мерки за одржување во живот, но сепак неговиот живот не можеше да се спаси, пренесува Фокус.

Мажот кој бил во станот е уапсен и осомничен за делото и се изврши увид. Во тек се и други мерки како дел од кривичната истрага. По одлука на обвинителот, мажот е во притвор, се наведува е во полицискиот билтен.

Деновиве на социјалните мрежи кај нас се актуелни реакции на лица кои го познавале семејството, и кои тврдат дека станува збор за луѓе од Кочани кои живееле и работеле во Шведска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.