Во текот на изминатите неколку дена, српските царински службеници во соработка со полицијата на граничните премини Прешево и Прохор Пчињски со Македонија спречија два обиди за шверц на девизи преку граница и запленија вкупно 91.000 евра, јави дописникот на МИА од Белград.

Првиот случај се случил на 25 февруари 2022 година на преминот Прохор Пчињски, каде поради непријавување девизи брачна двојка македонски државјани е прогласена за виновна, соопштија од српската Царинска управа.

Брачната двојка македонски државјани се движела со автомобил со германски регистарски таблички, а кога поради контрола биле запрени на излез од Србија, рекле дека немаат што да пријават.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.