На 28.02.2022 во периодот од 06 до 09.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, пред се автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани биле вкупно два прекршоци (ТЕ). Едно возило имало неисправни сопирачки, а второто неисправни светлосно-сигнални уреди, по што двете биле исклучени од сообраќај, а на прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци.

Во контролата, исто така, со законски предвидените поднесоци санкционирани се и четири други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-1). Вчера (28 февруари) на подрачјето на СВР Тетово од 14 до 18.00 часот, исто така, била спроведена и контрола за прекршоци што ги прават пешаците, во рамките на која вкупно биле санкционирани 19 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-10)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.