Ви се обраќам за да побарам помош во подигање на свеста на надлежните органи и населениото во потрагата на мајка ми која исчезна на 22 март, вели Анџела Станојковска, која апелира за помош од јавноста и институциите.
Нашето семејство е мало и ни е потребна сета помош за да се пронајде мајка ми Виолета Крстевска Јаневска, на возраст од 60 години, последен пат видена на 22.03.2022 вторник, во време 17:30-18 цасот кај Поштата во населба Драчево. Телефонот ѝ е приметен последно на базна атаница Јурумлери што фаќа далечина од неколку километри. Облечена е во црно. Црн капут, тегет тренерки и црни кондури. Треба со себе да носи црвена торба и наочари за гледа2е. Висока е 166 см, 52 килограми, има црвена коса со малку бело. На десната страна на усната има израсток. Има зелени очи. Нема предходни психички пореметувања и болести, ниту пак е зависна од некакви супстанци и лекарства. Многу е одговорна и организирана личност, работи како сметководител во Факултетот за безбедност повеќе од 40 години. Се грижи за себе си и за своето здравје иима активен и здрав начин на живот. Излезе од дома за кратко да земе наочари од оптичар и ги има подигнато и после ѝ се губи траг. Доколку сте во можност за волонтирање за барање, барајте ме. Однапред им се заблагодарувам на сите што ни помагаат и ќе ни помогнат во потрагата, вели Анџела.
Телефон за контакт 071/370-185
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.