Вчера во 17.15 часот во гостиварски Градец, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишиле од слобода К.Н.(54) од Градец затоа што агресивно се однесувала и спречувала полициски службеници при вршење службени дејствија.
Постапувајќи по претходна пријава од 25-годишна девојка од Гостивар дека К.Н. и нејзиниот син Ф.Н., со кој порано живеела во вонбрачна заедница, од 28.07.2024 без нејзина волја ја држеле во нивниот дом во село Градец, К.Н. агресивно се однесувала кон нив и не дозволувала да ја земат девојката од нивниот дом, објаснуваат од СВР Тетово.
Додаваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот следува соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.