Полицијата синоќа лишила од слобода лице од Грчец барано за издржување затворска казна од три години.
МВР соопшти дека вчера во 19:20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во селото Грчец, скопско, го лишиле од слобода Р.Н.(32). Тој се барал по судска наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување на затворска казна во времетраење од три години.
Р.Н. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на затворската казна
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.