Жена е тешко повредена откако вчера наутро возило излета од пат кај село Подвис.

Како што соопшти МВР, во 07.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на с.Подвис, патничко возило „југо корал“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(77) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото, Н.С.(82) од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.