Националната мрежа против хомофобија и трансфобија остро го осудува физичкиот напад врз претседателот на „ЛГБТИ Јунајтед“, Беким Асани и бара од надлежните институции итно да ги пронајдат и санционираат сторителите на ова, како што велат, дело од омраза.

Според сведоштвото на Асани, нападот се случил на 7 мај 2022 година на градските гробишта во Тетово, каде тој бил со својата мајка. Четири машки лица на возраст од 20 до 40 години кои седеле на клупа му дофрлувале на Беким „педер“, „неверник“, „многу зборуваш со устата“, „ќе гориш во пеколот“. Потоа еден од нив го нападнал со бокс во лицето, по што Беким паднал на земја, а напаѓачот продолжил да го удира со клоци по стомакот и нозете, се наведува во соопштението на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Од таму нагласуваат дека кривичните дела од омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата ретко добиваат правен епилог и инсистираат на темелно постапување од страна на органите и целосно расчистување на случајот.

Треба да се има предвид дека игнорирањето на говорот и делата од омраза кон ЛГБТИ лицата и неказнивоста на сторителите на овие дела, води до продлабочување на недовербата во институциите, поради што многу вакви напади воопшто не се ни пријавуваат. Апелираме институциите еднакво да ги третираат сите граѓани во државата и да престанат да придонесуваат кон јакнење на дискриминацијата и насилството на кое се подложени сексуалните и родовите малцинства, стои во соопштението.

Ова е вторпат Асани да биде нападнат:

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.