Беким Асани, претседател на невладината „ЛГБТИ Јунајтед“ од Тетово, во близина на канцеларијата на организацијата, физички бил нападнат од две лица.

Бев во автомобил, и друго црно големо возило дојде накај мене. Му велам пројди, има место. И тој отвори прозорец, почна да вика и тогаш ми рече ,,А ти си тој педерот”. Излезе од неговиот автомобил, ја отвори вратата од мојот автомобил и ми удри бокс. Уште четворица беа со мене во кола, ми велат, вози остави. Велам не, морам да пријавам во полиција. Тогаш излезе и тој другиот од црното големо возило и ме удри со клоца во стомак и бокс во лице. Потоа си заминаа и полицијата дојде. Направија записник и јас заминав прво дома па в болница зашто повраќав. Таму има камери, се е снимено. Планирам да купам пиштол и јавно да го објавам тоа. Не може секој што ќе ме препознае да ме тепа. Јас сум на антидепресиви секој ден и ова е опстанок. Ама решен сум да живеам тука и да се борам. Веќе седум години не сум се движел пешки во Тетово никогаш, изјавил Асани за Слободен печат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.