Во текот на изминатата вечер (25/26.06.2022) во периодот од 22:00 до 04:00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 384 возачи.

Од нив, 48 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 264 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.