Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје и Кавадарци, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, појаснуваат од МВР.
Дојави за поставени бомби пристиганале изутринава во Министерството за надворешни работи, до Градскиот трговски центар, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и до неколку средни училишта во Скопје, како и едно основно училиште во Кавадарци.
До СВР Скопје, денеска околу 09:30 часот било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Дојава за бомба денеска околу 08:20 часот, пристигнала и во Полициска станица Кавадарци, каде како што информираат од МВР, било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. цр/дма/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.