Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 16.55 часот, ја лишиле од слобода М.З.(24) од Куманово. Таа се сомничи дека малку пред тоа извршила кражба во приватен имот на улицата „Стево Филиповиќ“.
Од МВР информираат дека одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.