Вчера во 21:45 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосница од булеварот „Октомвриска Револуција“ со улиците „Иво Лола Рибар“ и „Ѓорче Петров“ патничко моторно возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(23) од Куманово, удрило во две малолетнички од кумановско.

Во несреќата со повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.