Вчера во 21:15 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од булеварот „Христијан Тодороски – Карпош“ и улицата „Натанаил Кучевишки“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Е.(34) од Скопје констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.