Шеесет и деветгодишен кумановец починал откако им подлегнал на повредите здобиени по вчерашниот пожар во неговата куќа, соопштија денеска од кумановската полиција.

Вчера во 16:55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата „Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М. (69) од Куманово.

Куманово, 4 јануари 2023 (МИА) - Пронајден е триесет и петгодишниот кумановец по кого трагаше полицијата и семејството, информираа денеска од СВР Куманово.

Со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал. Со повреди се здобиле и неговите синови М.М.(33) и Р.М.(44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош, информираше полицијата, која уште врши увид.

Пожарот го изгасила кумановската противпожарна единица. Регионалниот центар за управување со кризи информира дека на пожарот интервенирале четворица пожарникари со противпожарно возило од 16:50 до 18:45 часот.

Општата болница Куманово за тековната година планира набавка на современа апаратура со која дополнително ќе се обезбеди поквалитетна здравствена услуга за пациентите од Куманово и соседните о

РЦУК Куманово пренесува информација од Станицата за итна медицинска помош Куманово кои, исто така, интервенирале на пожарот во кој едно лице со тешки телесни повреди по укажаната помош во Куманово е пренесено за Скопје, другото е задржано на хирургија во кумановската болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.