Полицијата во Куманово упасила разбојник, непосредно откако тој ограбил деловен објект во градот.

На 24.01.2022 година во 15.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(23) од Куманово бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба, во деловен објект на ул. „Биљановска“ во Куманово. Кај него биле пронајдени украдените предмети, кои ќе бидат вратени на сопственикот – информираат од МВР.

С.А. бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.