Двајца затвореници од затворот „Идризово“ завршија во болница, по тепачка помеѓу две групи. Хаосот настанал во затворениот дел на установата, каде се степале две групи на затвореници. Според извори на „Макфакс“, во насилството учествувале и осуденици од случајот Диво Насеље.
Во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, во дворот од затвореното одделение, настанал физичка пресметка помеѓу две групи затвореници. Притоа, со повреда од остар предмет се здобил осуденикот Н.М.(44) од с.Черкези, кумановско, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Р.К.(33) од с.Челопек, тетовско, кој се здобил со повреда од тврд предмет и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на помош“, велат од МВР за „Макфакс“.
Изминатите месеци, затворот „Идризово“ го следат низа скандали. Од тепачки, до избодени затвореници, измами. Најголемиот беше бегството на Беким Мемети, за кое осомничени се затворски полицајци и командир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.