Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од с.Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „загрозување на сигурноста“.

Во периодот од 24.02 до 28.02.2024 на социјалната мрежа Фејсбук, пријавениот во неколку наврати испратил пораки со заканувачка содржина на тројца полициски службеници, велат од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.