СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ј.(34), Л.М.(27), А.Т.(33), П.Ц.(24), Б.Б.(42) и М.Б.(42), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „осигурителна измама“, во врска со кривично дело „соизвршителство“.
Во периодот од 2017 до 2020 година пријавените, со различни осигурителни друштва, склучувале договори за штети причинети на трети лица (автомобилска одговорност) на луксузни патнички возила, при што со посебна доплата на премија за осигурување дополнително ги осигурувале и стаклата на возилата, со што ги довеле во заблуда осигурителните компании.
На тој начин пријавиле штети за собраќајни незгоди за исти возила само со променети сопственици, при што причиниле материјалната штета на осигурителните компании во вкупен износ од 1.875.068 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.