Кривична пријава е поднесена против В.М.(56) од Свети Николе за злоупотреба на службената положба и овластување.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот во својство на директор на основно училиште во Свети Николе, во текот на 2021 година во повеќе наврати вршел набавки на стоки за училиштето од повеќе правни лица без притоа да спроведе јавна набавка.
Пријавениот, во својство на директор на основно училиште во Свети Николе, во текот на 2021 година во повеќе навратил вршел набавки на стоки за училиштето од повеќе правни лица, без спроведена постапка за јавна набавка иако знаел дека вредностите на набавените стоки го надминуваат законскиот вредносен праг за задолжително спроведување на постапка за јавни набавки согласно Законот за јавни набавки, посочуваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.