Поранешниот потпретседател на СДСМ и екс директор на Фондот за иновации, Коста Петров е еден од учесниците во сообраќајната несреќа која вчера утринава се случи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на „Веро“ маркетот.
Од МВР информираат дека несреќата била пријавена кај нив околу 07:00часот, а во која учествувале автомобил „БМВ“ и мотор Кавасаки.
На крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ со ул.„Њу Делхиска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ х3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(38) од Скопје и мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Н.(28) од Скопје. Притоа, со повреди се здобил мотоциклистот Б.Н. констатирани во Градска општа болница „8-ми Септември“, информираат од МВР.
Во изјава за „А1он“, Петров вели дека се наоѓа во добра здравствена состојба, и тој и возачот на моторот поминале без посериозни повреди.
Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.