Малолетник го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера во 14.45 часот се случила на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот.

Како што информираат од полицијата автомобил „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.В.(38) од Неготино, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник(дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, велат од МВР.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.