Кокаин пронајден кај двајца млади скопјани, апсење имало и во Аеродром.

– На 31.05.2024 во 19.20 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за недозволена при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Б.(21) и М.В.(22), двајцата од скопско, поради тоа што кај нив била пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 31.05.2024 во 18.50 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Г.(45) од Скопје, поради тоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.