Последниве денови инцидентот во „Мош“ привлече големо внимание во јавноста. И, додека едниот учесник во инцидентот беше предвреме лажно обвинет и насекаде именуван и прозван, другиот остана анонимен.

Гостите во барот-сведоци на настанот тврдат дека припадниците на единицата за недозволена трговија со дрога непречено влегле во објектот и ја спровеле својата акција.

Инцидент и нетрпеливост помеѓу едниот и другиот учесник внатре во барот воопшто и немало, туку се’ се случило при излегување на единицата, кога иницијаторот на инцидентот на самиот излез почнал и испровоцирал вербална пресметка, пишува „Нетпрес“.

Кој всушност е иницијаторот?

Станува збор за Влатко Груевски, познат на еден дел од јавноста како лице со повеќе кривични дела, гледан често во дружба со веќе покојните членовите на кланот Грчец. Некои од делата:

2009 – Кривична пријава за загрозување на безбедноста во сообраќајот по чл.297 од КЗ

2021- Кривична пријава за загрозување на безбедноста во сообраќајот по чл. 297 од КЗ

2021 – Кривична пријава за загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство по чл.144 од КЗ

2021 – Кривична пријава за телесна повреда при вршење на семејно насилство по чл.130 од КЗ

2022 – Дисциплинска постапка кога му исчезнале поголема сума на пари одземени при претрес

И покрај сите овие дела, Влатко Груевски е се уште на слобода и е дел од Министертсвото за внатрешни работи.

Кој го штити ова лице и за кого одработува?

Сега останува на нас да видиме кој е следен на списокот на лица кои треба да бидат изложени на слични однапред планирани сценарија со цел да се одвлече вниманието на јавноста од реалните проблеми во државава во предизборната кампања, коментира „Нетпрес“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.