Селективна правда и контрола во угоститлексите објекти од страна на власта, СДСМ и ДУИ во Битола, обвинува претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски, по вчерашната акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола. Милевски прашува и кој функционер од Владата на РМ напушти објект пред контролата.

Почитувани, паниката во СДСМ е очигледна, бродот кој четири години се одржуваше со популизам и лаги започна да тони. На бродот остана само еден раштиман оркестар кој по задача треба да потоне заедно со бродот. Вашите луцидни соопштенија, пресови и деградацијата на поединци е само уште еден доказ за вашата немоќ. Во врска со вчерашната акција на Пазарниот инспекторат и полицијата можеме да заклучиме дека сите притисоци кон народот кој ве казни на избори се исцрпени и дека сте преминале на последната мерка практикување на фашизам кон оние кои ве плаќаат. Малтретирањето на својот народ, демонстрација на сила со полна борбена опрема и затворањето на бизнисите е само чекор кон докрајчување на Битола и битолчани за кое одговорноста почитувани од СДС е ваша. Почитувани од СДС прашањата кои сите си ги поставуваат:

Дали зад ваквата полициска акција се крие одмазда на министерот Спасовски поради поразот на локалните избори во Битола на СДС ?
Дали Министерот вака ревносно врши акции на целата територија на Македонија ?
Дали одредени партиски членови на СДСМ добија дојава и предвреме си заминаа од локалите каде беа вршени контролите ?
Дали Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска напушти еден од локалите пред МВР и инспекторатот да влезат во локалот ?
Селективна е вашата правда, спроведување на закони и тенденциозна е намерата битолчани да бидат брутално малтретирани, пишува тој на Фејсбук споделувајќи фотографии од акцијата.

Битолчани денеска на социјалните мрежи се жалат дека полициските службеници влегле во објектите со автоматски пушки и целосна заштитна опрема, внесувајќи страв и несигурност кај гостите.

Меѓу приведените вчеравечер беше и пејачот Александар Тарабунов, кој вечерта имаше настап во битолското кабаре. И тој е гневен на начинот на кој било постапувано со него:

Од МВР денеска соопштија дека полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд ноќеска, меѓу 01:30 и 04:30 часот, спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола. Притоа е констатирано дека 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без КОВИД-сертификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат, а ќе следат соодветни поднесоци.

При тоа, во два ноќни клуба била пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана) за што ќе бидат поднесени кривични пријави. Утврдено е и дека едно лице употребило лажен КОВИД-сертификат за што, исто така, ќе следува соодветна кривична пријава, велат оттаму.

Како што соопшти МВР, до надлежното обвинителство ќе биде поднесен и поднесок против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби.

Ќе следат и соодветни поднесоци зашто во ноќен клуб е затекнат малолетник по 24 часот, а биле констатирани и прекршоци и по законот за пушење. Констатирани се и случаи на неиздавање фискална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период, велат од МВР.

Акции вчера имаше и во Гостивар и Струга:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.