Завчера бил каменувано товарно моторно возило од неколку лица од мостот кај Романовце.

– На 25.06.2023 во 01.00 часот во СВР Куманово, Ф.И.(25) од с.Велешта, Струга пријавил дека на 24.06.2023 година во 22.40 часот додека се движел по автопат „Пријателство“ со товарно моторно возило марка „МАН“ со струшки регистарски таблици, поточно под мост во с. Романовце, неколку лица од мостот фрлале камења и тврди предмети со што го оштетиле неговото возило, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.