„И за греота пиши пак така, еве ве доѓав на Рекорд“ 

Ова во описот на видеото кое сам си го објави на „Инстаграм“ го пишува Јетон од Чаир, кој на својот профил го сподели тепањето кое се случи на „Рекорд“ во центарот на Скопје.

Во видеото може да се види како претепува момче со клоци и му вика: „Пи*ка ти матер, на кој му се праиш мафијаш?“.

„Кралот“, како што го нарекуваат другарите на „Инстаграм“, покрај видеото и фотографии од претепаното момче, објавува и постови на кои држи пиштол, како и фотографија од пријателот Сулејмани кој си набавил мало лавче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.