Институциите ниту ја запираат сечата на дрва, ниту се заинтересирани да го реконструраат патот, се жалат жителите на планинското село Дренок, лоцирано крај границата со Албанија, на 34 километри од Струга. Локалниот пат до селото е уништен од камионите натоварени со дрва исечени по падините на Јабланица. По патот по кој не би смееле да се движат возила потешки од 5 тони, секојдневно се спуштаат огромни камиони кои со товарот тежат 30-тина тони.

Патот е изграден пред педесетина години со самопридонес на жителите на малото село и со помош на тогашната Југословенска народна армија. Војската го користела за да стаса до некогашната караула недалеку од селото, а жителите, како и оние кои за викенд се враќале во родното село биле задоволни од асфалтираниот пат.

Долги години жителите се сведоци како го снемува асфалтот од патот и како се отвораат вистински кратери кои е тешко да се заобиколат. Но, сведоци се и како се соголува убавата Јабланица, што од легална сеча на дрва, што од дрвокрадци. Луѓето се се прашуваат кога земјиштето ќе се излизга и ќе направи вистинска катастрофа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.