Вчера околу 23.45 часот на ул.„Словенечка“ во Скопје, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишиле од слобода Р.П.(37) од Скопје.

При преглед во неговото возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, под хаубата било пронајдено и одземено едно пакување со околу 350 грама марихуна.

Против Р.П. по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.