По информациите од жители на скопското село Бујковци дека попладнето виделе непознато летало во низок лет, кое најверојатно се урнало, од МВР за Канал 5 велат дека постапиле по дојавата и испратиле полициски екипи на местото, но тие не нашле никакво летало.

Во меѓувреме, од МВР контактирале со Агенцијата за цивилно воздухопловство и во други релевантни институции, од каде исто така не добиле потврда за какво било летало во тој реон во тоа време.

Очевидци од Бујковци за Телма изјавиле дека виделе „бело летало кое лета многу ниско“ и за кое претпоставувале дека потоа се урнало. На новинарите не ми беше дозволено да се доближат до реонот кој го пребаруваше полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.