Од Центарот за управување со кризи (ЦУК)  информираат дека екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт во скопската населба Кисела Вода е извлечена и има повреди.

Во лифтот била само медицинската екипа, немало пациент, според ЦУК екипата била на констатација на смрт.

Денеска на бројот 112 во ЦУК стигнала пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. „Христо Татарчев“ бр.47, Кисела Вода, Скопје.

Лифтот паднал од приземје во подрум. Имало најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.