Семејна куќа во тетовското село Шипковица изгореla во пожар кој почнал по полноќ.  При пожарот и при интервенција на пожарникарите нема повредени лица.

Пожарот е пријавен во 00.42 минути во Територијалната противпожарна единица Тетово. Веднаш беа упатени три противпожарни возила и се работеше на целосна локализација и ликвидација на пожарот до раните утрински часови. Повредени нема ни од мештаните од селото кои ни помагаа, ни од пожарникарите. Направена е голема материјална штета – информира Ука Алити од ТППЕ Тетово.

Според информациите на Алити, во текот на интервенцијата спречено е пожарот да се прошири на други објекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.