Полициските службеници од Гостивар вчера на улицата „Борче Јовановски“ го уапсиле гостиварецот Ј.Е. (30), за кого била распишана централна потерница.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, за Ј.Е. била распишана потерница по претходно издадена наредба од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, со која се барал за доиздржување на казна затвор.

Лицето е спроведено во КПУ Затвор Куманово за доиздржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.