Повеќе од еден час гореше па беше изгаснат шумски пожар на Шар Планина, во пределот над селото Џепчиште, што беше видливо од поголем дел во градот Тетово.

Од Територијална противпожарна единица информираа дека по пријавата нивните екипи интервенираа да се изгаси пожарот.

Околу 15 часот шумски пожар над Џепчиште беше пријавен, по што интервенираа две возила на Територијална противпожарна единица Тетово со четворица пожарникари. Пожарот беше изгаснат за околу час и половина, информираше Авни Амети командир на ТППЕ Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.