Матичниот лекар Ацо Трповски бил убиен на друго место, а не во неговиот автомобил изјави за „Слободен печат“ утрово дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

За месец дена на територија на Скопје има два немили настани, убиството на лекарот Ацо Трповски и пукањето во Арачиново. Имавме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради недоволни докази. Според наши сознанија лицето не е убиено во автомобилот туку е донесено телото и оставено во автомобилот. Не се откриени мотивите за убиството, изјави Бојмацалиев за „Слободен печат“.

Лекарот Ацо Трпковски беше најден избоден и искрварен во неговиот автомобил на паркинг пред поликлиниката Железара на 21 март годинава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.