Полициски службеници од Полициската станица Аеродром, синоќа во 20:00 часот на бул.„Србија“ го лишиле од слобода М.Л.(21) од Скопје.

Како што информираат од МВР, М.Л. претходно пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал малолетник, а потоа во близина на средно училиште на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал уште двајца малолетници.

М.Л. бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ – велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.